Вработените во ГОБ „8 Септември“ си ја бараат јануарската плата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вработените во ГОБ „8 Септември“, денеска, наместо за одмор, одлучија својата 30-минутна пауза да ја искористат за да го изразат незадоволството поради доцнењето на јануарската плата.

– Денеска се собравме на овој најавен протест, кој е мирен и е оргранизиран поради незадоволство од непримената плата, која требаше да биде земена на 10 февруари и која доцни цели 10 дена. Го пробија и законскиот рок. Луѓето немаат пари, а имаат кредити. Кој ќе им ги плаќа каматите? Тука има луѓе што земаат по 18.000 денари нето-плата – вели Рената Ѓаконовиќ, претседателка на независен синдикат на ГОБ „8 Септември“.

Таа посочи дека во болницата има вработени што работат само за егзистенција, со мал личен доход.

– Добивме известување од управата на болницата, во кое се вели дека овој протест нема да биде официјален. И не е официјален. Синдикатот е репрезентативен, имаме доволно членови и сме репрезентативни. Во една институција може да постојат неколку синдикати, ние функционираме неколку години. Луѓето не треба да бидат обесхрабрени, треба да излезат и да си го кажат своето мислење. Тоа што го бараат е законско право на секого. Ќе остане само минимален број од кадарот што ќе работи со овие пациенти. Жално е да остане Македонија без квалитетен здравствен кадар – дополни Ѓаконовиќ.

Се размислува за штрајкови, а опција се и блокади. Ова го посочи Марјан Ристески претседател на Синдикатите за заштита на правата на работниците (КСОМ) на мирниот протест пред „8 септември“ каде вработените бараат исплата на платата за јануари.

Според Ристески, Владата се занимава кои министри ќе шефуваат, а не со работниците. Тој повика веднаш да се исплати плата, но посочи: „Јас се плашам дека можеби немаат пари“.

– Владата се занимава сама со себе, за кои министри ќе влезат, коии ќе излезат. Заборавија на основата функција – грижа за работниците. Сите знаеме како овие медицинари вложија натчовечки напори да го заштитат нашето здравје, но Владата делува ноншалантно, изгубено. Јас сакам да им честитам за тоа што го работат, и за тоа што го работат, да не бидат платени – ова е само почеток. Се надевам Владата ќе си ја сфати својата функција. Ова е несериозно. Лекарите се револтирани, апел побрзо да ја дадат платата. Јас се плашам дека можеби немаат пари, па се обидуваат да присоберат. Па што ако не работи системот? – рече Марјан Ристески (КСОМ) претседател на Синдикатите за заштита на правата на работниците – кажа Ристески.

Share This Article