More

    Вработените во „Фешн груп“ ја носат новата модна приказна

    spot_img

    Новата кампања на модната групација „Фешн груп“ оваа студена сезона целосно се осврна на прикажувањето на индивидуалноста и креативноста на вработените во компанијата кои долги години важат за големо семејство кое секојдневно живее под тоа мото.

    „Фешн груп“ е една од најголемите регионални компании чие портфолио вклучува некои од најголемите светски реномирани брендови како Boss, Hugo, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Levis, Okaidi, Superdry, Timberland, Replay и други.

    Целта од почетокот, па сè до денес е да им се овозможи на клиентите да го изградат личниот стил и да експериментираат со него, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

    Секогаш поразлични и уникатни, „Фешн груп“ оваа година за промоција на парчињата облека како модели ги одбра токму лицата во сенка, но двигатели на брендовите и на компанијата заедно со целиот тим.
    Она што прво ќе го забележите кога ќе се запознаете со тимот на компанијата е целосната слобода на вработените вистински да бидат она што инаку се, што веројатно е и причината за нивниот успех и напредувањето во кариерата.

    Антоанела Димитријевиќ

    Силвана и Антоанела Димитријевиќ се спој на успешна семејна приказна кои се дел од основањето на „Фешн груп“ од самиот почеток.


    Силвана и Антоанела Димитријевиќ

    – Искуството стекнато низ децениите е од непроценлива вредност, а советот до мојата ќерка е да го вложи младешкиот ентузијазам и желбата за растење и напредок во професијата како продолжение на севкупната мотивирачка енергија во „Фешн груп“ која е есенција на денешните успеси – вели Силвана, асистент менаџерка за финансии.

    За Антоанела, специјалистка за корисничка поддршка, односот со својата мајка и помогнал да ја совлада професионалноста и секогаш на прво место да биде тоа клиентите да се задоволни, па токму затоа е креирана и онлајн продавницата која ќе им помогне да најдат соодветно парче облека сите оние кои немаат доволно време.

    – Во време кога никој ниту очекуваше ниту знаевме дека може да завладее таква здравствена криза, бевме целосно посветени на онлајн продажбата, кога понудивме над 10.000 производи и дневно опслужувавме и по 3000 корисници – вели Александра Саздовска која е дел од „Фешн груп“ цели 13 години.

    Александра Саздовска

    Според неа, „Тимот што победува не се менува“ за која работното место е нејзин втор дом исполнет со хармонија и работна атмосфера од прекрасни и професионални луѓе кои низ годините заеднички придонесле за развојот на „Фешн груп“.

    – За да си дел од областа на маркетингот најважна е тимската работа. Тоа е една од вештините кои треба да ги поседуваш бидејќи сам никогаш не можеш да постигнеш толкав успех колку што еден цел тим може да го направи тоа, особено во модниот свет – вели Даниела Ѓуровска, маркетинг менаџерка која веќе 3 години е дел од „Фешн груп“.


    Даниела Ѓуровска

    Според неа, најголем фокус на колекцијата есен-зима е токму тимот на компанијата поради штоа таа е сосема поразлична од сите други, бидејќи се фокусира на сите квалитети и таленти токму на вработените во „Фешн груп“.

    Еден од брендовите кои 18 години постојат на македонскиот пазар е „Hugo Boss“, како симбол за квалитет, елеганција и префинетост.

    – Колегите, надополнето со многу патувања, конвенции и искуства, се мотив да се развивам на професионалното поле како во брендот така и во „Фешн груп“ – вели Александар Јовановски, бренд менаџер на „Hugo Boss“.

    Александар Јовановски

    За Јовица Крстевски, оперативен директор и бренд менаџер на „Timberland“ предноста на работењето во светски брендови е можноста секој ден да научиш нешто новo.


    Јовица Крстевски

    – Станав дел од групацијата пред повеќе од 10 години, а низ тие години имав и личен и професионален раст, а главна цел ми била да ги подобрам перформансите на пазарот, да ги реализирам сите комерцијални цели, како и да развијам колеги на кои им давам максимална поддршка во нивниот професионален раст, со крајна цел успешно исполнети и завршени операции и задоволни клиенти –  додава Јовица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img