More

    Вработените поднесоа петиција за итно разрешување на директорот Лазаровски

    spot_img

    Вработени во Македонска филхармонија поднесоа петиција до Министерството за култура за итно разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски поради, како што велат, непрофесионалното и неуко менаџирање кое има големи негативни последици врз целокупното функционирање на институцијата.

    Петицијата ја потпишаа 100 вработени во Македонска филхармонија.

    „Незадоволството од непрофесионалноста на в.д. директорот кулминираше со неговиот упад на синдикалниот состанок минатата недела кога се обидуваше да изврши притисок врз слободното изразување на членовите на синдикатот. Од самото назначување, вработените во Македонска филхармонија се изложени на притисоци, закани и мобинг од страна на директорот Лазаровски. Неговото несоодветно раководење со институцијата предизвикува големо незадоволство кај вработените и има негативно влијание врз соработката со македонски и странски музичари.

    Конкретно, во последен момент и без образложение беше откажан концерт на наш колега, кој е исклучително квалитетен музичар, а кој како солист требаше да настапи на концерт за кој се подготвуваше повеќе од една година. Исто така, без образложение в.д. директорот еднострано го раскина договорот со новиот странски шеф диригент кој му е добро познат на оркестарот и на македонската публика. Поради оваа причина, Македонска филхармонија во моментот се соочува со правен процес со големи финансиски побарувања од диригентот кои можат да го пореметат нормалното функционирање на институцијата.

    За атмосферата на незадоволство придонесува и тоа што списоците за распоред на работни состави се објавуваат ненавремено, во последен момент, иако праксата до назначувањето на Лазаровски беше да се објавуваат најмалку еден месец однапред. Се поставуваат музичари на позиции пониски од оние на кои се назначени, односно деградирање и нарушување на тимската работа. Покрај ова, има примери на казнување за неколкуминутно доцнење на проба кое не направило застој на работата на оркестарот, а од друга страна толерирање, т.е. ослободување и несанкционирање на одредени колеги да отсуствуваат од работа.

    Како да се толкува ова самоволие на в.д. директорот освен деке е намерно, односно како мобинг и злоупотреба на службената положба. Неговите тврдења дека требал писмено да биде известен за мирувањето на неговото членство во синдикатот само го потврдува неговото незнаење и некомпетентност за извршување на директорската функција. Со својот демант во врска со нашата рекација за неговиот упад на синдикалниот состанок, директорот се обидува да ја банализира реалната ситуација во Филхармонија и да ја избегне одговорноста за неговото несоодветно управување. Нагласуваме дека воопшто не станува збор за вештачка криза, ниту за условите на објектот во кој работиме. Не сме загрозени од потребата да ги извршуваме работните обврски, напротив, загрозени сме од непрофесионалноста на директорот кој не знае да управува со нашата институција и ја води во пропаст“, се наведува во соопштението од вработените во Македонска филхармонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img