More

    Вработените од Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски од работното место

    spot_img

    Вработените од Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски од работното место, а најавуваат и генерален штрајк доколку надлежните не ги прифаќаат нивните барања.

    Вработените на УЈП во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии, и побараа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но тој не ги прими со одговор дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период не можат да преговараат за поединечни случаи.

    Вработените тврдат дека претходно со министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој сè уште не е потпишан од министерот Бесими. Тие предупредија дека ќе бидат принудени да почнат генерален штрајк и целосна блоката, ако не се исполни договореното.

    Нивниот револт порасна откако министерството за финансии, под чија надлежност се и тие, ги зголеми платите за 30 %, но само за вработените во министерството.

    Протест за утре најавија и вработените од Царинската Управа, кои исто така бараат зголемување на платите. Тие рекоа дека, доколку не се слушне нивното барање, ќе се радикализираат, што ќе го отежне поминувањети на граничните премини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img