Вработените денеска ги добија платите на своите сметки, утре нема да има протести на вработените на Јавното сообраќајно претпријатие, изјави за МИА, Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати на ЈСП Скопје.
Тие денеска пред влезот на просториите на Град Скопје бараа прием кај градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за решавање проблемот со задоцнетите плати, но и покрај тоа што не успеале да добијат средба од неа, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените.
Стојановски повтори дека не мора со молби и со барања да добиваат плата на време и да се најде конкретно решение за да нема вакви проблеми во иднина.