Вработени во институции работат за интереси на трети земји

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од Северна Македонија се вртени телефони во Бугарија и на одредени места е соопштувано дека нема да дојде до договор, бидејќи тука ќе има брзи избори, рече на денешниот редовен брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Министерот одби да каже кои се тие лица, но откри дека се работи за вработени во државни институции, а делумно и за членови на политички партии.

– Се јавиле луѓе од партии и од институции со цел да ја запрат интеграцијата на земјава во ЕУ. И во Бугарија и во Македонија има прокси групи на трети земји кои го минираат преговарачкиот процес – истакна Османи.

Тој посочи и дека е забележан напредок во работата на Комисијата за историја, иако прецизираше дека тој воопшто не влијае на процесот.

Share This Article