Вознемирувачки инцидент во Вимблдон

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Седум деца и двајца возрасни се повредени откако автомобил „ленд ровер“ денеска претпладне со цела брзина удри во зграда на основно училиште во Вимблдон, во областа Камп Роуд во југозападен Лондон, јавуваат британски медиуми.

На неколку лица им е укажана медицинска помош, а на лице место е и хеликоптер на брза помош, како и екипи на пожарникари и полицајци.

Полицијата соопшти дека возачот на возилото застанал на местото на настанот и дека нема уапсени.

Претставник на локалната полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца возрасни и седум деца, додавајќи дека се очекуваат дополнителни информации за нивната состојба.

На снимките од воздух може да се види „ленд ровер“ во златна боја, како стои паркиран на училишниот терен, опкружен со кордон полицајци.

Полицијата засега не го смета инцидентот за терористички напад, иако се испитуваат сите опции.

– Во тек е истрага за да се разберат сите околностите во врска со тоа што се случи. Ова е крајно вознемирувачки инцидент. Има голем број настрадани – изјави претставник на полицијата. Тој рече дека ова е „прилично мирна и оддалечена област“.

- Advertisement -
Ad image

Станува збор за приватно училиште за девојчиња на возраст од 4 до 11 години, за кое се плаќа прилично висока школарина. Се наоѓа на околу еден километар од селото Вимблдон, на патот кон неколку клубови за голф, тенис и крикет. Меѓудругото, на еден од овие терени се одржува и светски познатиот турнир во тенис.

Share This Article