Силна експлозија одекна денеска во близина на романскиот крајбрежен град Костинести, јавија локалните медиуми, повикувајќи се сведоштва од очевидци и на информации од службите за брза помош.
– Се верува дека станува збор за руска противбродска мина – изјави портпаролот на романската морнарица за телевизијата Диги24.
Цивилната заштита соопшти дека нема повредени во експлозијата која предизвикала голема вознемиреност во познатото туристичко место на романското крајбрежје.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, романската морнарица онеспособила пет руски мини во Црното Море – посочи портпаролот на романската морнарица.
Костинести е многу популарна туристичка дестинација на Црното Море, на околу 250 километри источно од Букурешт.
Според властите, експлозијата се случила на насип во близина на хотел.
По експлозијата се крена црн чад – изјави очевидец кој го следел инцидентот од терасата на хотелот, пренесува Диги24.