ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ И ПАТНИТЕ ЛИСТОВИ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ Владината одлука стартува од утре

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата на денешната седница донесе одлука патните листови, кои чинат 30 евра, да бидат бесплатни за сите македонски државјани кои се во странство а при тоа не успеале да го променат пасошот за да се вратат назад. Одлучено е од утре возачките дозволи да бидат бесплатни.

– Вториот заклучок е поврзан со МНР, а тоа е дека ќе преземе активности за издавањето на патните листови за сите што се надвор тој да биде бесплатен. МНР е задолжено да преземе активности соодветно каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, патните листови да се испраќаат по пошта и тоа да се прави онлајн за да немаат граѓаните дополнителни трошоци – информира денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој информира дека владата одлучила и возачките дозволи со новото уставно име што ќе се издаваат до крајот на годината да бидат бесплатни за граѓаните.

– За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи да бидат без надомест – рече Битиќи.

Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, рече дека бесплатни ќе бидат возачките и сообраќајните дозволи и дека одлуката е веќе потпишана.

Бојмацалиев дополни дека сите вработени во МВР кои работеле на документите за викендите и за празниците утре на своите сметки ќе добијат уште една плата.

Битиќи рече дека дополнително ќе се одлучува како ќе се однесува владата со граѓаните кои досега плаќале за вадење на овие документи.

Share This Article