Млад возач од скопската населба Ченто завршил во болница откако при вчерашното невреме во Скопје, кров паднал над неговиот автомобил додека го управувал.
„Штотуку разговарав со младиот Јусуф од Ченто кој попладнево за време на невремето е повреден од падот на покривот на една зграда врз неговото возило со кое тој управувал. Јусуф бил во болница, санирани му се повредите и е пуштен на домашно лекување.
Му посакувам на Јусуф брзо закрепнување Среќен сум што Јусуф е единствениот наш жител кој е повреден во невремето, а во останатите случаи се работи исклучиво за материјална штета“, објави градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски.