Синоќа во 22.45 часот во Полициско одделение Сарај Р.Б.(22) од с. Кобаница, скопско, пријавил дека околу 22.00 часот на подрачје на Центар во автобус кој се движел од Транспортен центар кон с. Бојане, скопско, бил физички нападнат од возачот Џ.Х.(31), информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.
Фото: Pixabay