Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.
РЦУК – Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден во 1960 година.
– По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа – наведуваат од РЦУК Велес.
Екипи на СВР Велес и Јавен обвинител вршат увид на местото на настанот.