Воведени ограничувања во градот Лахоре

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Властите во вториот по големина град во Пакистан, Лахоре, воведоа „климатски локдаун“, затворајќи цели населби поради згуснувањето на смогот во метрополата, јави ДПА.

Децата со белодробни заболувања и проблеми со дишењето се ослободени од училиште веќе три месеци, објави претставникот на провинцијата, Пенџаб Мариум Ауранџеб.

Локалните жители генерално се советуваат да носат маски за лице, бидејќи квалитетот на воздухот се влошува на опасни нивоа.

Најмалку единаесет области на Лахоре беа ставени под, како што го нарекоа властите „зелен карантин“, откако густа црна магла го обви градот.

– Бројот на рикши, вообичаен начин на транспорт кај населението веќе е ограничен. Рестораните, местата за скара, се затворени – изјави шефот на локалната метеоролошка служба Раџа Јахангир.

Возилата со оштетени мотори биле имобилизирани претходно оваа недела бидејќи загаденоста на воздухот достигна невидени нивоа, што го прави Лахоре најзагаден град во светот.

Во Лахоре од повеќе од 10 милиони луѓе.

Премиерката на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, ја покани својата колешка од индиската држава Пенџаб да разговараат за активностите за справување со смогот, со кој се соочуваат секоја зима.

Пакистан е меѓу десетте земји што се најпогодени од климатските промени во светот и покрај напорите на земјата да ги намали штетните емисии, покажуваат податоците на ОН.

- Advertisement -
Ad image

Во Пакистан се случуваат смртоносни поплави, ерозија на почвата, топлотни бранови и смог, кои ги зафаќаат населените области.

Share This Article