Воведен е времен режим на сообраќај на одделни делови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Времена измена на сообраќајот која ќе важи до 31.12.2024 година е воведена на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново, соопшти Автомото сојузот.

На автопатот Скопје – Куманово од клучката ТИРЗ Бунарџик до пред патарина Миладиновци од 7 до 19 часот се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата (брза) сообраќајна лента која е  затворена за сообраќај. Сообраќајот се одвива по десната и помошната сообраќајна лента каде што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Времена измена на сообраќајот има и на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица кој ќе трае  до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1.  Сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

Share This Article