Восочна фигура со ликот на Бијонсе изложена во музеј во Париз

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Музичката ѕвезда Бијонсе (42)  доби својата двојничка во музејот на восочни фигури Гревин во Париз.

Во четвртокот ја открија восочната фигура на пејачката во природна големина. Нејзината француска двојничка во музејот седи во долг, лелеав фустан со длабоко деколте. Восочната фигура има една рака подигната зад главата, а косата ѝ е наредена во нежни бранови.

Овој потег наиде на воодушевување кај обожавателите на популарната пејачка.

 

 

Бијонсе пред неколку години доби восочна фигура и во музејот на Мадам Тисо, но наиде на бројни поплаки. Имено, восочната фигура имала светол тен, а од музејот објасниле дека за тоа е виновна комбинацијата на осветлувањето во музејот со светлината на фотографскиот блиц.

Иако музејот се обиде да ја поправи спорната фигура и го промени осветлувањето и стајлингот, многумина тврдат дека пејачката е „непрепознатлива“.

Инаку, Бијонсе неодамна го објави долгоочекуваниот албум „Cowboy Carter“ и ги воодушеви своите фанови. Многу познати музичари како Доли Партон, Вили Нелсон и Мајли Сајрус се поврзуваат со албумот, а потоа пејачката се повлече од сцената.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article