Вооружен инцидент се случи вечерва во скопската населба Чаир, а извори на 24инфо.мк информираат дека претходно се слушале и пукотници.
Според првичните информации, било пукано во близина на маркетот „Веро“ во оваа населба.
Од огнено оружје е отворен оган кон маж со иницијали А.Б. кое се здобило со четири прострелни рани и е во тешка здравствена состојба е префрлен во Клиничкиот центар каде се бори за својот живот.
ТВ21 дојде до информација дека автомобил „фолсваген пасат“ со кумановски таблици е во бегство.
Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди, а на терен се присутни и специјалци.