Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска ја доби одлуката од министерот за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и да забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП, информираа од Инспекторатот.
– Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11 март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ДТП, како и други наложени епидемиски мерки – појаснија од ДСЗИ.
Ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.
– Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје – Скопје – истакнаа од Инспекторатот.