Голем број вооружени израелски сили се во бегалскиот камп Шуафат, северно од Ерусалим, каде што ја уриваат семејната куќа на тинејџерот обвинет за смртоносен напад на граничните полицајци, пишува The Times of Israel.
На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како голем број војници влегуваат во кампот пеш во зори и ја опкружуваат зградата, за која се тврди дека е домот на Мухамед Залбани. Станува збор за 14-годишно момче кое со нож го избодел 22-годишниот граничен полицаец Асил Саваед додека тој вршел преглед на автобус на преминот Шуaфат.
Палестинците велат дека израелските сили ја опколиле областа додека се подготвуваат да ја урнат куќата или да ја направат неупотреблива.
Подоцна се огласи и израелската полиција. Тие потврдија дека испратиле голем број полицајци, гранични полицајци и војници на Израелските одбранбени сили во бегалскиот камп Шуафат во близина на Ерусалим за да го урнат домот на напаѓачот.
Во полициското соопштение се вели дека началникот на полицијата во Ерусалим, Дорон Тургеман ја потпишал операцијата оваа недела. Нема извештаи за судири во бегалскиот камп, во кој во минатото беа забележани немири поради операциите на израелската полиција.