Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа меѓу Тоскана и Ромања во Италија. Силниот земјотрес и неколкуте последователни потреси предизвикале паника меѓу граѓаните. Училиштата во неколку општини се затворени, а луѓето во страв се излезени на улиците.
Во Тредочи оштетени се згради, меѓу кои и општинските згради, додека 10 лица се евакуирани од домот за стари лица.
Градот Тредочи, веќе погоден од поплавите, се наоѓа недалеку од Маради во Тоскана, каде што се случи главниот земјотрес, но беше епицентарот на некои последователни потреси, најмалку четири со јачина од 3 степени.
– Сите излегоа од своите куќи, чекаме пожарникарите да интервенираат. По поплавите сега се соочуваме со уште потешки денови – изјави градоначалничката на Тредочи, Симона Виетина.
Градоначалникот на Триберти во провинцијата Фиренца одлучи денеска да ги затвори сите училишта. Затворени се и училиштата во Борго Сан Лоренцо и Модиљани.
Засега нема извештаи за повредени во земјотресот во северниот дел на Италија.