Вонредна состојба е воведена во делови од украинската област Херсон, која е под руска контрола, по уништувањето на браната Нова Каховка и поплавувањето на голема површина, објави во средата руската државна новинска агенција ТАСС.
Агенцијата, повикувајќи се на итните служби, извести дека по уништувањето на браната во вторникот биле поплавени околу 2.700 куќи и дека речиси 1.300 луѓе биле евакуирани.
Најмалку седум лица се водат како исчезнати, соопштија властите поддржани од Москва.
Уништувањето на браната Нова Кахвовка на реката Днепар, под контрола на Москва, поплави голем дел од линијата на фронтот во регионот Керсон. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната.
Околу 42.000 луѓе се загрозени од поплави во областите под контрола на Русија и Украина долж реката Днепар, соопштија украинските власти, додека шефот за помош на Обединетите нации предупреди на „тешки и далекусежни последици“.
ТАСС го цитира градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтјев, кој рекол дека седум лица се водат за исчезнати. Повеќе од 900 луѓе се евакуирани во вторникот од градот под контрола на Русија со околу 45.000 жители на левиот брег на реката Днепар, јавува Ројтерс.