Вонредна контрола во игротеките, затворени се 13 објекти поради неправилности

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјава.

Со контролите опфатени беа 92 игротеки при што беше утврдено дека 16 од нив, не се регистрирани во АХВ како оператори со храна, информираат од Агенцијата.
„Кај 8, инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса. Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи“, се потенцира во соопштението.

За утврдените недоследности, како што појаснуваат од агенцијата, издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни.

Share This Article