Волфганг Мајер е новиот претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Тој ја презема функцијата од досегашниот прв човек на компанијата, Штефан Петер, кој беше на нејзино чеко 8 години.
Новиот претседател на УО, Мајер доаѓа од позиција на менаџер за човечки ресурси во ЕВН групацијата, а на ниво на групацијата предводел значајни проекти.
Штефан Петер, пак, заминува на нова позиција во Виена во групацијата ЕВН АГ.
Питер еден од ретките странски менаџери кој ќе остави зад себе повеќе значајни проекти. Покрај управувањето со ЕВН тој беше и претседател на Советот на странски инвестиции во Стопанската Комора на Македонија кој беше еден од иницијаторите за дуално образование и го стартуваше проектот 20-20-20. Проектот ЕВН Македонија го реализира со Средното стручно училиште „Михајло Пупин“. Преку овој проект дваесетина средношколци од секоја генерација, кои ќе покажат најдобар успех се вработуваа во ЕВН.
На иницијатива на Питер беше основан и првиот музеј за електрична енергија Изложбен центар „Матка“.