НАТО ќе распореди четири нови борбени групи низ Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како дел од одговорот на Алијансата на руската инвазија врз Украина, јави ДПА.
НАТО веќе има борбени групи во Естонија, Летонија, Литванија и Полска.
– Ова значи дека ќе имаме осум мултинационални борбени групи на НАТО долж источното крило од Балтикот до Црното Море – изјави Столтенберг пред вонредниот самит на НАТО закажан за утре.
– Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, така што ние мораме на подолг рок да ги ресетираме нашите можности за одвраќање и одбрана – додаде Столтенберг.