Војната во Газа ќе трае најмалку до крајот на годината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu make a statement as the US President listens on before a meeting in Tel Aviv on October 18, 2023, amid the ongoing battles between Israel and the Palestinian group Hamas. US President Joe Biden landed in Tel Aviv on October 18, 2023 as Middle East anger flared after hundreds were killed when a rocket struck a hospital in war-torn Gaza, with Israel and the Palestinians quick to trade blame. (Photo by Brendan Smialowski / AFP)

Израелските медиуми очекуваат Бени Ганц, член на воениот кабинет на Израел, да се повлече од владата на Нетанјаху за неколку дена, објави израелскиот Канал 12. Ганц месецов веќе најави дека ќе си оди дека доколку владата не објави детален план за повоената администрација во Газа.

Ганц бараше планот да содржи  шест точки. Неговата центристичка партија влезе во владата на национално единство на Нетанјаху по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври со што започна војната.

Во меѓувреме, Израел денеска испрати тенкови во Рафа и објави дека верува дека војната во Појасот Газа ќе продолжи во текот на целата година.

Израелски тенкови вчера за првпат влегоа во центарот на Рафа и покрај одлуката на Меѓународниот суд на правдата да ги прекине операциите во тој град каде засолниште нашле многу Палестинци кои побегнале од другите делови на Појасот.

Share This Article