Војната го достигна страшниот врв, Русија победува?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестович денеска изјави дека битката за источните градови Северодоњецк и Лисичанск достигна „страшен врв“ и оти руските сили наскоро би можеле да ги опколат градовите и да ги отсечат од украинската територија.

– Постои закана дека Русија ќе победи на тактички план, но тие сè уште не го направиле тоа – истакна Арестович.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека се обидува да го уништи регионот на Донбас.

– Имаше масовни воздушни и артилериски напади во Донбас. Целта на окупаторите овде е непроменета, тие сакаат чекор по чекор да го уништат целиот Донбас – истакна Зеленски во своето ноќно видеообраќање.

Тој повторно испрати порака до западните лидери да ја забрзаат испораката на тешка артилерија до неговите војници.

– Повторно и повторно ја нагласуваме важноста од побрза испорака на оружје во Украина. Треба да воспоставиме паритет на бојното поле што е можно поскоро за да ја запреме оваа ѓаволска армија и да ја потиснеме надвор од границите на Украина – посочи Зеленски.

Share This Article