Воени злосторства и злосторства против човештвото најверојатно биле извршени за време на конфликтот во Етиопија, што почна во ноември 2020 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Воени злосторства и злосторства против човештвото најверојатно биле извршени за време на конфликтот во Етиопија, што почна во ноември 2020 година, соопшти денеска група експерти во Женева, каде нивниот извештај беше претставен на Советот за човекови права на ОН.

„Се верува дека во неколку случаи имало прекршување на основните права, односно воени злосторства и злосторства против човештвото“, се наведува во извештајот, и се додава дека групата експерти е „длабоко вознемирена што открила длабока етничка поларизација и омраза во Етиопија”.

Според нив создаден е „загрижувачки циклус на екстремно насилство” што ја зголемува опасноста од нови и посериозни злосторства.

Експертите ја повикаа меѓународната заедница и регионалните тела да „преземат мерки што ќе ги вратат мирот, стабилноста и безбедноста и ќе избегнат нови прекршувања” на човековите права во Етиопија.

Судирите помеѓу армијата на Етиопија и бунтовничкиот Народноослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ) предизвика хуманитарна криза, а раселени се околу 2,5 милиони луѓе.

Share This Article