Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк изјави дека воени злосторства се извршени и од Израел и од Хамас од 7 октомври, кога изби последниот конфликт на Блискиот Исток.
Турк ја посети египетската страна на преминот Рафах со Појасот Газа за време на петдневната турнеја на Блискиот Исток.
„Злосторствата извршени од вооружените групи на Хамас на 7 октомври беа грозоморни, тие беа воени злосторства – како и континуираното земање заложници“, рече тој.
„Израелското колективно казнување на палестинските цивили е исто така воено злосторство, како и нелегалната присилна евакуација на цивилите“, додаде Турк.