More

    Воената разузнавачка агенција на Украина (ГУР) изврши напад врз руската Црноморска флота

    spot_img

    Воената разузнавачка агенција на Украина (ГУР) изврши напад врз руската Црноморска флота. Неколку украински дроонови го уништиле рускиот брод „Сергеј Котов“ вреден 65 милиони долари.

    Акцијата за напад на Крим е изведена, соопшти ГУР, во соработка со украинските поморски сили и Министерството за технологија. Украинските медиуми пишува дека поради силните напади било исклучено целото осветлување на Кримскиот мост, кој веднаш бил затворен.

    Како што пренесува Киев Индипендент, во текот на ноќта биле извршени жестоки напади на Крим, каде што е стационирана руската Црноморска флота, а тој извештај бил проследен со информации за неколку експлозии кои одекнале на тој окупиран полуостров.

     

    Дека Крим синоќа беше место на жестоки конфликти покажуваат и податоците што ги сподели руското Министерство за одбрана во кое се наведува дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле дури 38 непријателски беспилотни летала.

    Засега руската страна тврди дека соборила украински Су-24, како и дека украинската армија се обидела да изврши напад на Крим.

    Според специјализираните канали на социјалната мрежа Телеграм, во украинскиот напад учествувале 6 бомбардери Су-24 и три ловци МиГ-29 на Вооружените сили на Украина. Во првиот бран беа лансирани ракетите мамка ADM-160 MALD со цел да се одвлече вниманието на системот за противвоздушна одбрана, по што беа лансирани крстосувачки ракети „Сторм Сенка“од типот „SCALP-AG“.

    Како што пренесуваат пишувањата на Новости на руските канали на Телеграм, нападот бил координиран од разузнавачки авион на НАТО. Американскиот дрон RQ-4 „Global Hawk“ оперираше над Црното Море, а авионот Боинг П-8А „Посејдон“ од типот AWACS кружеше во близина на источниот брег на Романија.

    Според воените дописници, украинскиот бомбардер Су-24 бил соборен додека одбивал обид за ракетен напад врз Крим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img