Воена вежба на кинеската војска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кинеската војска денеска соопшти дека започнала воени вежби во регионот на Тајван, јави кинеската државна телевизија.

Вежбите се насочени кон „погрешниот сигнал“ што САД го испратија во врска со Тајван, информираше портпаролот на источната команда на Народноослободителната армија на Кина.

Група од шест американски конгресмени, вклучително и претседателот на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Боб Менендез, пристигнаа вчера на Тајван во дводневна посета, јавија медиуми.

Како што коментираат дел медиуми, САД немаат формални односи со Тајван, а Кина го смета за своја територија, но, се негов најважен меѓународен спонзор и снабдувач на оружје.

Share This Article