More

    Водителот и комичар Џими Кимел ја извести јавноста дека неговиот седумгодишен син Били повторно е опериран

    spot_img

    Водителот и комичар Џими Кимел ја извести јавноста дека неговиот седумгодишен син Били повторно е опериран.

    Тоа му е веќе трета операција на отворено срце на Били.

    Кимел објави фотографија од својот син од болница.

    „Минатиот викенд, нашето момче Били ја имаше третата (од три, се надеваме) операција на отворено срце. Влеговме во ова искуство со многу оптимизам и речиси исто толку страв и излеговме со нов залисток во среќното, здраво дете“, напишал гордиот тато.

     

    Кимел ја продолжил пораката заблагодарувајќи му се на хирургот на Били и на медицинскиот персонал во Детската болница во Лос Анџелес, кои биле таму од операцијата до закрепнувањето.

    Кимел ја завршил пораката со прекрасна реченица за својот син.

    „А Били, ти си најжестокото (и најсмешното) седумгодишно дете што го познаваме“, напишал Кимел.

    Били на првата операција на срцето бил подложен во 2017 година, веднаш по раѓањето, а сега е опериран по третпат.

    – Има толку многу родители и деца кои немаат среќа да си одат дома по пет дна. Ве молам, молете се за нив – истакнал храбриот Џими Кимел, кој уште од раѓањето на Били се посвети на заговарање на здравствените реформи во САД.

    Да потсетиме, Џими Кимел беше водител на годинешните Оскари кога триумфираше филмот „Опенхајмер“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img