Водителката на српската телевизија „Пинк“, Јована Јеремиќ важи за една од најинтригантните личности на српската јавна сцена, а за нејзината изјава дека сопругот мора да и купи часовник „ролекс“ и стан долго време се зборува во јавноста.
Водителката повеќепати потенцираше дека сака скапи, но корисни подароци, а бидејќи е во врска со српскиот бизнисмен Драган Станковиќ, нејзините амбиции пораснаа кога е иднината во прашање.
Познато е дека Драган кој е сопственик на пекарници, па оттука го нарекуваат и „кралот на лебот“, често сака да ја почести Јована со скап подарок, но сакаат и нејзините најблиски пријатели. Во прилог на она што го зборува нејзината последна објава.
Јована сега оствари уште една од списокот на своите желби, па одлучи јавно да се пофали, а на изненадување на многумина скапиот часовник е подарок од нејзината најдобра пријателка.
– Сè е постигнато од претходниот план: стан во центарот на Белград, најнов автомобил и „ролекс“. Моето „бебе“ ми пристигна и тоа од мојата најдобра пријателка Александра – напиша Јована во описот на објавата со скапиот „ролекс“.
ФОТО: Инстаграм