Водечките компании во прехранбениот сектор во Франција ветија дека од јули ќе ги намалат цените на стотици производи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Водечките компании во прехранбениот сектор во Франција ветија дека од јули ќе ги намалат цените на стотици производи, соопшти денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер, заканувајќи им се со финансиски санкции доколку го прекршат ветувањето.

– Им порачувам на Французите дека во јули цените на одредени производи ќе се намалат – изјави Ле Мер за ТВ BFM, најавувајќи проверки и санкции за компаниите што не го почитуваат договорот.

Ден претходно, министерот се сретна со претставници на 75 компании кои покриваат 80 отсто од потрошувачката на храна во Франција. Во групата производи што ќе поевтинат, министерот ги издвои тестенините, живината и маслото.

– Ќе добијам листа од стотици производи (што ќе бидат поевтини) следната недела – додаде Ле Мер, предупредувајќи дека доколку некои прехранбени компании не го одржат ветувањето, „(нивните имиња) ќе бидат објавени“.

Share This Article