Водата од невремето во Србија го урна мостот на Ибарската магистрала кај Краљево, а дел од автопатот кон Чачак е во прекин.
Директорот на ЈП „Србијаводе“ Горан Пузовиќ изјави дека моментално најкритична е состојбата во Јагодина, Трстеник, Брус, Сокобања каде што се излеале реките, а бранот се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.
Поради обилните врнежи, многу делови на Србија се поплавени, на повеќе места се прогласени вонредни ситуации.
Вонредна состојба досега е прогласена во 42 града и општини. Од утрово се евакуирани 55 лица.