More

    Водата, кафето и зелениот чај ги топат мастите

    spot_img

    Понекогаш решението за некој проблем е пред нашите очи и е поевитно отколку што сме мислеле. Таков е случајот со дебелеењето и мастите. Додека постојат многу егзотични јадења кои ги топат липидите, четири од најосновните напитоци кои ќе го забрзаат овој процес ни се достапни во секојдневната живеачка. Стручњаците велат дека водата, кафето, зелениот и црниот чај се сигурен начин да слабееме.

    Еве како.

    Напитоци без калории

    Зашеќерените пијалаци го покачуваат шеќерот во крвта, како и количината маснотии во стомакот. За противтежа се препорачуваат пијалаци без калории, на пример, водата, најмалку 6-8 чаши на ден, а со зголемување на количината, може и да се забрза метаболизмот.

    Зелен чај

    Зелениот чај содржи кофеин и катехини, биоактивни растителни соединенија.

    – Овие две главни компоненти може да ја зголемат оксидацијата на мастите и да го забрзаат нивното согорување. Сепак, пиењето зелен чај нема магично да ги раствори сите масти од желудникот. Но, може да помогне – вели нутриционистката Рејчел Дајкман од Њујорк, САД.

    Црн чај

    Ако не ви се допаѓа горчливиот зелен чај, може и црн чај. Тој е богат со флавоноиди и е здрав за срцето. Може да помогне во намалување на крвниот притисок, а има голема улога и во намалувањето на салото.

    Кафе

    Истражувањата покажаа дека кофеинот, во умерени количини, е делотворен и за потиснување на апетитот кај некои луѓе. Ова може да го намали дневниот внос калории и со тоа „да ги стопи“ мастите на стомакот. Освен тоа, кофеинот ја стимулира и термогенезата, процес со кој телото произведува повеќе топлина и согорува повеќе калории.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img