More

    Во земјава се регистрирани 134 лица позитивни на коронавирусот

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 134 новозаболени со ковид-19, три лица се пријавени за починати, а пак како оздравени се водат 144 пациенти.

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 63, Битола – 13, Крива Паланка – 7, Кавадарци – 6, Ресен и Крушево – по 5, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Струга, Берово и Кратово – по 3, Велес, Штип, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Охрид, Струмица, Кичево, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.

    Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од: Скопје – 81, Битола – 8, Штип – 7, Прилеп и Куманово – по 6, Велес и Кочани – по 5, Гостивар и Струмица – по 4, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино и Радовиш – по 3, Ресен, Гевгелија, Тетово, Охрид, Кичево и Македонски Брод – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74) и Виница (76). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022

    Направени се 912 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-14, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, Институт за микробиологија–42, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-90, Систина-29, лабораторија Лаор-0, Синлаб-10, Ремедика-5, Плодност-5, Генеа-0, Никоб Лаб-17, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 430.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.155.983 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.261, бројот на оздравени пациенти е 330.472, на починати е 9.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.287.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img