More

    Во Загреб се одржа меморијален меч во чест на легендарниот кошаркар

    spot_img

    Европската кошаркарска елита се собра во Загреб на меморијален меч во чест на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ во кој хрватската репрезентација ги одмери силите со селектираната европска репрезентација предводена од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а во еден миг се појави и холограм од Дражен, што ја остави публиката во солзи пишува хрватски Те портал.

    Тимот Дражен, составен од кошаркарски ѕвезди од Евролигата, ја совлада репрезентацијата на Хрватска со резултат 110:107 во меморијалниот натпревар за Дражен Петровиќ што се одржа во Загребската Арена. Салата беше исполнета до последното столче, а натпреварот се играше во ревијален тон, со акцент на потсетувањето на животот и на кариерата на Дражен, а резултатот беше во втор план.

    За време на паузите организаторите потсетија на клучните периоди во кариерата на Дражен, од Шибенка, преку Цибона и Реал Мадрид, па се до НБА лигата и освојувањето на среброто со хрватската репрезентација. За Дражен зборуваа неговите поранешни соиграчи, меѓу кои беа Владе Дивац, Кени Андерсон, Тери Портер, Предраг Шариќ и многу други.

    Посебно емотивен беше мигот кога пред публиката се појави холограмот на Дражен, создаден со вештачка интелигенција. Холограмот им се обрати на присутните со неколку потресни зборови, по што исчезна, оставајќи многу гости во солзи.

    Најголемото име меѓу гостите беше Лука Дончиќ, словенечкиот кошаркар на Далас. Дончиќ пред натпреварот излезе на паркетот каде што доби овации и накратко ѝ се обрати на публиката.

    – Многу ми зборувале за Дражен, воодушевен сум од него – изјави Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img