More

    Во второто тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,95 % или 9.726 места

    spot_img

    Во второто тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,95 % или 9.726 места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Највисока стапка на слободни работни места од 3,68 % има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, додека најмала е стапката во секторот „јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“ во кој изнесува 0,00 %. Во овој сектор има слободно само едно работно работно место. Интересно е тоа што во одбраната во вториот квартал не се барале работници од воените занимања.

    Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,69 %.

    Вардарскиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,55 % или вкупно 822 места, но Скопскиот регион има 5.189 слободни работни места.

    Од вкупно 9.726 слободни работни места, најголем број празни места или 2 543 треба да се пополнат со  „работници во услужни дејности и продажба“ и работници  со „елементарно занимање“- 1 977.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img