More

    Во вторник интересно ќе биде целосното затемнување на Месечината и Уран

    spot_img

    Целосното затемнување на Месечината ќе биде видливо во вторник на 8 ноември во Северна Америка, низ Азија, Австралија и остатокот од Пацификот.Во Северна Америка овој феномен ќе биде видлив пред зори, а во Азија, Австралија и Пацификот пред вечер.

    Затемнувањето ќе трае речиси час и половина додека Земјата ќе помине меѓу Месечината и Сонцето.Позната и како „крвава“ Месечина, ќе свети во црвено-портокалова боја поради светлото изгрејсонце или зајдисонце.

    На врвот на затемнувањето, Месечината ќе биде оддалечена 390.653 километри, соопштија научниците на НАСА. Под услов небото да биде ведро, затемнувањето ќе биде видливо со телескоп.

    Во исто време, планетата Уран ќе биде видлива „на само еден прст“ над Месечината и ќе наликува на светла ѕвезда, пишува „Дејли мејл“.

    Јужна Америка ќе види некое затемнување, додека Африка, Блискиот Исток и поголемиот дел од Европа ќе мора да почекаат до 2025 година.

    Ова е второ целосно затемнување на Месечината оваа година, првото беше во мај, а следното се очекува во 2025 година. Во меѓувреме, ќе има многу делумни затемнувања на Месечината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img