Детска болница во Мариупол е погодена од руски воздушен напад, соопшти градскиот совет, кој истакна дека сѐ уште не се знае дали има жртви во нападот.
Градските власти соопштија дека врз болницата биле фрлени неколку бомби и дека штетата била голема.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски на Твитер објави видео од оштетената детска болница.
„Мариупол. Директен удар на руските сили врз родното место. Луѓе, децата се под урнатината. Запрете го убиецот. Имате моќ, но се чини дека ја губите хуманоста“, објави Зеленски на Твитер.