More

    Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1.400 евра

    spot_img

    Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1.400 евра.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1.400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично).

    Во Струга е казнета и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло.

    Во Охрид со 500 евра е казнета гостилница каде што инспекциските служби на АХВ, при спроведен вонреден надзор, утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.

    „Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго. Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли“, велат од АХВ.

    Оттаму додаваат дека во првите 6 месеци од годинава спроведени се 24.335 инспекциски контроли при што се изречени 2.433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img