Надлежните институции во Украина објавија застрашувачки бројки за најмладите жртви од 18-месечната руска инвазија на земјата.
Според соопштението од Канцеларијата на главниот обвинител на Украина, во војната досега загиначе 499 деца, а повеќе од 1590 се повредени.
Последните жртви се две деца на возраст од 13 и 15 години кои беа повредени при гранатирањето на областа Очакив во регионот на Миколаев и едно 14-годишно момче кое беше рането за време на гранатирањето на градот Купјанск. Двата напади беа извршени на 8 август.