Во утринските часови нѐ очекува облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХРМ.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 0 во Маврово и 8 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 2 до 8 степени.
В вторник претпладне ќе има услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 5 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Веќе во среда во претпладневните часови ќе има појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Од крајот на денот од запад ќе се прошрат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.