Во Унгарија во вторникот е регистриран првиот случај на мајмунска сипаница, јавува Анадолија.
Главниот лекар на централноевропската земја Сесилија Милер изјави дека пациентот е маж (38).
Болеста е предизвикана од ортопоксвирус и може да се пренесе од животни на луѓе, како и од човек на човек.
Симптомите може да започнат со треска, главоболка, болки во телото и слабост. По околу два дена се појавуваат осип и рани на лицето, рацете и стапалата.
На пациентите им се препорачува да останат во изолација додека трае болеста, која обично трае две до четири недели.