Во Турција се приведени 15 од вкупно 39 осомничени лица под обвинение за нерегуларности во изградбата на згради што се урнаа во турската област Дијарбакир, јави Анадолија.
Обвинителството во Дијарбакир почна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на згради што се урнаа во земјотресот на 6 февруари. Полицијата синоќа приведе 15 осомничени, вклучувајќи ги и изведувачи на работите, под обвинение за кривично дело „убиство со предумисла“. Во тек се активности за приведување на уште шестмина осомничени кои се во бегство.
Во серијата земјотреси кои ја потресоа Турција животот го загубија 36.187, додека во соседна Сирија загинаа околу 4.000. Анализите укажуваат дека една од причините за големиот број жртви е непридржувањето кон стандардите за градење и недозволеното градење.