Серија земјотреси имаше во Турција, а најсилниот е од 5 степени според Рихтер. Потресите биле во околината на Елазиг во источна Анадолија.
Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) oбјави дека земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случил денеска во центарот на Елазиг, на длабочина од 16,22 километри.
Земјотресот го почувствувале и во околните провинции, а жителите во паника истрчале од своите домови на улиците.
И оваа година и лани во Турција имаше силни земјотреси.