More

    Во турскиот Парламент вчера изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако повика да биде примeн во парламентот пратеникот Кан Аталај

    spot_img

    Во турскиот Парламент вчера изби тепачка откако еден опозициски пратеник беше нападнат откако повика да биде примeн во парламентот пратеникот Кан Аталај, кој е затворен поради обвиненија за финансирање антивладини протести и кој подоцна беше избран за пратеник.

    На видео снимката се гледаат пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) како трчаат да го нападнат пратеникот Ахмет Шик додека зборуваше, додека уште десетици други се приклучуваат на тепачката. Некои пратеници се обидуваат да ја смират ситуацијата.

    Кан Аталај беше осуден во 2022 година на 18 години затвор поради наводно организирање на протестите во паркот Гези во 2013 година заедно со Осман Кавала и уште шестмина други. Сите обвинети ги отфрлија обвиненијата.

    И покрај затворската казна, Аталај во мај минатата година беше избран за пратеник од Работничката партија на Турција (ТИП). Парламентот првично му го одзеде местото, но на 1 август Уставниот суд го прогласи неговото исклучување за неважечко.
    – Не сме изненадени што Кан Аталај го нарекувате терорист, исто како што тоа го правите со сите кои не се на ваша страна. Но најголемите терористи се оние кои седат на овие места – изјави Шик обраќајќи се кон пратениците од АКП.

    Заменик-претседателот на парламентот објави пауза од 45 минути по тепачката.

    ТИП исто така повика на ослободување на Аталај од затвор.

    Во јуни, пратениците на АКП се судрија со пратениците на прокурдската Демократска партија на народите (ДЕМ) поради притворањето и смената на градоначалниците од нивните редови на југот на Турција поради наводни врски со милитантите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img