Во центарот на Дебар денеска е поставен трансперент на кој пишува „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во центарот на Дебар денеска е поставен трансперент на кој пишува „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“.

– Транспарентот го поставивме денеска наутро во 7 часот. Тој се наоѓа на спротивната страна од седиштето на огранокот на нашата партија. Поставен е по барање на 90 отсто од Албанците во Дебар – изјави за МИА, Рамадан Имери, потпретседател на огранокот на Демократската унија за интеграција.

Тоа е, како што поочи, поради „незадоволството и револтот од понижувањето што го доживуваат Албанците од актуелната влада“.

Со дебрани со кои разговаравме сепак не се согласуваат со овие ставови и сметаат дека вакви „провокации не се потребни“.

Претходно транспарент со ликот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше поставен на надвозник на автопатот Скопје – Тетово, веднаш после населеното место Сарај, на кој беше напишано „Команданте ние сме подготвени“.

Европкиот фронт утре ќе одржи настан под мотото „Сто дена, омаловажување, скандали, навреди“, на кој ќе се обратат лидерите на партиите вклучени во Фронтот.

Share This Article