Во Тирана се одржа заедничка седница на собранието на Албанија и Косово
Албанскиот премиер Еди Рама во Тирана изјави дека односите меѓу Албанците и странците денес се подобри од кога било.
Зборувајќи на заедничката свечена седница на собранијата на Албанија и Косово, Рама рече дека не верува дека има многу кои можат да кажат дека знаеле дека на 110-годишнината од независноста на Албанија официјален јазик ќе биде албанскиот.
„Исто така, не верувам дека имаше многумина што можеа и да претпостават дека ќе дојде денот кога Црна Гора ќе има албански премиер. Правата на Албанците се многукратно поголеми од кога било“, рече Рама.
Тој оцени дека односите меѓу Албанија и Косово денес не само што се одлични, туку и попродуктивни од кога било досега.
„Тоа го покажуваат фактите кои произлегуваат не само од заедничките средби на двете влади, туку и од зголемената способност за спроведување на заемно корисна соработка на дело. Доволно е да се видат податоците на берзите или заедничкиот буквар“, рече Рама и додаде дека во тек се подготовки за почеток на работа на многу заеднички проекти.
Косовскиот премиер Аљбин Курти повика на зајакнување на соработката меѓу Албанија и Косово и ги повика владите на двете земји да не се среќаваат само на празници, туку почесто да работат заедно и да прифаќаат меѓусебни критики.
„Нашиот простор, култура и економија не се некому феуди, туку сите мораме да ставиме камен во овој замок. Треба почесто да сме заедно и не само на прослави. Мораме да споделуваме идеи меѓу себе и да ги прифаќаме критиките, за да работиме меѓусебно“, рече Курти.