More

    Во Тирана договорено постепено отворање на пазарите

    spot_img

    Лидерите на шесте земји од Западен Балкан денеска се договорија да ги намалат трошоците за финансиските трансакции низ регионот до крајот на годината, како прв чекор кон пристапување кон единствениот пазар на Европската Унија, објави Ројтерс.

    Лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Србија – се состанаа денеска во Тирана за да разговараат за реформите потребни за пристап до финансирањето од 6 милијарди евра според Планот за раст на регион претставен минатиот октомври.

    Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји рече дека времето за чекање за влез во Европската Унија (ЕУ) поминало.

    – Потребно е учество на регионалниот пазар, каде државите би можеле да се натпреваруваат. Потоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена за прием на нови членки. Ако сакате да бидете третирани како дел од ЕУ, тогаш мора да ги третирате и државите од регионот како такви – рече Вархеји.

    Тој најави дека земјите во регионот наскоро се очекува да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.

    Според Вархеји Планот за раст за Западен Балкан е амбициозен и земјите од регионот може да го искористат за да ги зголемат своите економии во следните 10 години.

    – Имаме доверба во Западен Балкан дека може да ги искористи овие придобивки. Сметаме дека овој план може да придонесе за удвојување на економијата на Западен Балкан во следните 10 години, што значи намалување на развојниот јаз со просекот на ЕУ – рече Вархеји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img