Во тетовско оштетени се повеќе возила, поплавени се подруми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од УХМР известуваат дека нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а наскоро се очекуваат и пороен дожд и грмежи.

Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени пријави за последици од невремето во Тетовско.

Добиена е пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.

Во 19:49 часот е добиена пријава дека во повеќе дворови на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после обилните дождови. Има материјална штета.

Добиено еизвестување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови.

Поплавени се подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово.

Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дожд и град („суградица“). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известија во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.

Share This Article